СДСМ ги осудува вчерашните насилства пред Собранието

18.06.2018 13:23

Според партијата, секој има право да протестира и да го искаже својот став, но на вчерашниот собир беше забележан говор на омраза, повици за насилство, навреди и провокации кон граѓани, новинари, различни етнички заедници, се вели во соопштението.

Владејачката СДСМ ги осудува вчерашните насилства пред собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците кои се обидуваа да спречат насилен упад во Собранието.

Според партијата, секој има право да протестира и да го искаже својот став, но на вчерашниот собир беше забележан говор на омраза, повици за насилство, навреди и провокации кон граѓани, новинари, различни етнички заедници, се вели во соопштението.

За СДСМ е очигледно дека одредени субјекти кои работат спротивно од интересите на државата и граѓаните сакаат да го повторат насилството од 27-ми април, на кое му претходеа слични повици и активности.