Економија

Државна помош за компаниите

18.06.2018 14:49

Почна спроведувањето на програмата за финансиска поддршка на инвестиции. Ќе се поттикнуваат извозот, малите и средни претпријатија, иновациите. Надлежните со повик до компаниите да ги искористат парите...

Пари од државата за компаниите што инвестирале и отвориле нови работни места во 2017-та, најави вицепремиерот за економски прашања. Почна да функционира програмата за финансиска поддршка на инвестициите. Изготвен е калкулатор, алатка за фирмите да можат да пресметаат колку пари ќе добијат од државата и направат планови за идните активности.

Вицепремиерот Анѓушев рече дека постапката е транспарента и едноставна. Фирмите можат да аплицираат од денеска, па сѐ до крајот на месецов. Откако ќе се потпишат договорите, во септември парите ќе им легнат на сметка.

Мерките од првиот и вториот столб од планот за економски раст пред бизнисмените ги претстави министерот за економија, Бектеши. Објасни кој е начинот на аплицирање за добивање државна помош. Рече дека со воведувањето на калкулаторот и Законот за финансиска поддршка сите компании ќе имаат увид колку пари ќе добијат од Владата.

Истите поволности ќе важат и за компаниите кои ќе инвестираат и ќе отворат нови работни места и во 2018- та. Оваа програма ќе трае пет години.

 

Викторија Милевска