Џафери: Целосно спроведување на Договорот со Грција до крајот на годинава

27.06.2018 12:55

Јас сум убеден дека договорот кој го потпишаа Република Македонија и Република Грција, најдоцна го крајот на годинава ќе биде имплементиран од двете страни во целост- вели претседателот на Собранието...

Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува целосно спроведување на Договорот со Грција до крајот на годинава.

„Јас сум убеден дека договорот кој го потпишаа Република Македонија и Република Грција, најдоцна го крајот на годинава ќе биде имплементиран од двете страни во целост. Ние во декември оваа година, или на почетокот на јануари ќе станеме 30-тата полноправна членка на НАТО“, изјави претседателот на Собранието, Џафери.

Од денеска до петок во македонското Собрание се одржува 98-от РОС- РОТ Семинар. Семинарот е во организација на Парламентарното собрание на НАТО во соработка со Собранието на Република Македонија на тема „Евроатланска интеграција на Западен Балкан: Зајакнување на Европскиот мировен проект“.