Лаборатории во функција на бизнисот

27.02.2014 12:30

Испитувањата за кои скапо плаќаат во странство и долго чекаат резултати, ќе може со ист квалитет да ги вршат преку најсовремена апаратура инсталирана на јавните високообразовни и научни институции во земјава...

Услугите на 40 –тина лаборатории ќе бидат ставени во функција на бизнис секторот. Испитувањата за кои скапо плаќаат во странство и долго чекаат резултати, ќе може со ист квалитет да ги вршат преку најсовремена апаратура инсталирана на јавните високообразовни и научни институции во земјава. Проверката на квалитетот на македонскиот производ ќе го зајакне индустрискиот потенцијал и ќе ги зближи  науката и бизнисот – вели деканот на  Машинскиот факултет.

“Ниту ние можеме без нив, ниту тие без нас, и низ реални примери и проекти за потреби на стопанството може да направиме јака врска која ке овозможи напредок и на образованието и на стопантсвото и државата и подготовка на кадар“, вели Атанас Кочов, декан на Машинскиот факултет  во Скопје. 

Дел од лабораториите набавени од Владата се акредитирани, 32 се во постапка на акредитација. Со нивното користење компаниите ќе ги намалат трошоците , ќе ги зголемат конкурентноста  и шансите за побрзо  позиционирање на производот  на странските пазари.

„Со комерцијализацијат,а со ставање во функција на бизнисот и со услугите коишто  ги давата институциите на кои име се дадени лабораторите во просечен рок од три до пет години ке бидат повратена инвестицијата за овие лаборатории“, изјави Александар Георгиев, портпарол на Владата на Македонија.

Мал број индустрии можат да си дозволат сопствени развојно истражувачки лаборатории. Бенефит бизнисмените лоцираат и во соработката  што ќе треба да ја имаат со научните институции. Очекуваат добра услуга, да го усовршуваат кадарот, да ги следат светските трендови и да градат партнерски однос.

 

Сузана Фиданска- Стоевска