Електронска наплата

06.07.2018 14:40

За десетина дена се очекува да проработи електронската наплата, се врши тестирање на системот, вели првиот човек на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов...

Електронскиот систем за наплата на патарина на Коридорот 10 е во фаза на тестирање, за 10-тина дена се очекува да биде пуштен во употреба, велат од Јавното претријатие државни патишта. На наплатните станици, Сопот, Отовица и Романовце веќе се врши и наплата со специјална картичка. Во следните два месеца до завршување на правните процедури ќе се плаќа и со пари. Директорот Китанов вели- се утврдуваат правилата со кои ќе се користат смарт картичките и таговите што ќе може да се набават и надополнуваат на бензинските пумпи, на патарините и на граничните премини.

Цените и попустите се во фаза на дефинирање, се очекува сумата за таговите да изнесува 20- тина евра, картиците ќе бидат бесплатни. Засега за новиот тип на наплата се подготвени само станиците по Коридорот 10, од Табановце до Богородица.

„За десетина дена очекувам да почне да функционира електронската наплата на патарините и тоа во прво време на Коридорот 10. Во моментов подготвени се патарините кај Романовце, Сопот и Отовица. Се прават напори и за патарината кај Кавадарци, но со надградување на постоечкиот софтвер. Од септември ќе се работи и на патарините на Коридорот 8“, вели Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта.

За половина година, од наплата на патарини во касата на јавното претрпијатие се слеале 900 илјади евра повеќе од истиот период лани. Китанов тврди, во вториот квартал, инвестициите пораснале за речиси 37 проценти. Со 20 милиони евра буџетски пари се прават регионалните патишта од 230 километри, со 86 милиони од Европската банка за обнова и развој се рехабилитираат 26 делници, со 14 милиони од Светската банка 13 патни правнци.

Сузана Фиданска- Стоевска