Кина и САД почнаа трговска војна

06.07.2018 14:42

Царинските давачки се однесуваат на 818 производи, вклучувајќи автомобили, авионски, но и компјутерски делови. Кина возврати со слична тарифа на 545 американски производи со иста вредност.

Двете најголеми економии во трговска војна. Влегоа во сила американските царини од 25 отсто за увоз на кинески производи во вредност од 34 милијарди долари.

Царинските давачки се однесуваат на 818 производи, вклучувајќи автомобили, авионски, но и компјутерски делови. Кина возврати со слична тарифа на 545 американски производи со иста вредност.

Одлуката на претседателот Трамп ја донесе за да ги заштити работните места на Американците. Обвинува дека постои неправеден трансфер на американска технологија и интелектуална сопственост во Кина.