Сопруга на екс министер меѓу уапсените од Македонска пошта

18.08.2013 01:32

Според информациите на Канал 5 меѓу осуммината уапсени од Македонска пошта две се жени. Едната е сопруга на поранешен министер, а другата е ќерка на екс функционер од редовите на ДУИ.

Според информациите на Канал 5 меѓу осуммината уапсени од Македонска пошта две се жени. Едната е сопруга на поранешен министер, а другата е ќерка на екс функционер од редовите на ДУИ.

Еден од осомничените за несовесно работење е долгогодишен шеф на обезбедувањето во Пошта, двајца поштари и луѓе на директорски позиции.

На седуммина од нив име одреден притвор.

Полицијата трага уште по двајца, кои во моментов не се достапни.

Како што претходно објавивме, причина за апсењето е последниот филмски грабеж на поштата во Чаир на 26 Јули, кога двајца крадци украдоа 211 илјади евра и избегаа со веспи.

Според информациите на Канал 5, несовесното работење на осомничените вработени го утврдила и внатрешната ревизија која ја направила самата фирма Македонска пошта.

Повеќе информации за акцијата, МВР најави за утре.