Фестивал на филмска камера

Богата програма на „Браќа Манаки“

12.09.2018 14:39

Под слоганот„Симнуваме капа“ од 22-ри до 29-ти септември ќе се одржи 39-тото издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. Во 14 фестивалски програми ќе бидат прикажани 95 филмови. Фестивалот ќе биде отворен со новиот краток игран филм „Љубовникот“, на Игор Иванов- Изи...

Италијанската актерка, легендарната филмска дива Клаудија Кардинале е лауреат на специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на 39-тото издание на Интернационалниот фестивал „Браќа Манаки“. Награда за животен опус и за оскаровецот, кинематографер Роџер Дикинс. Организаторите најавуваат богата филмска програма.

На филмската и театарска актерка Милица Стојанова ќе ѝ биде врачена наградата „Голема sвезда“. 86-годишната актерка имала стотици театарски, филмски и телевизиски остварувања.

„Браќа Манаки“ ќе се одржува од 22-ри до 29-ти септември.

 

Александра Спировска