Свет

Хуманитарна криза во Сирија, се очекува нов бегалски бран

14.09.2018 13:02

Екслација во сириски Идлиб, се очекува офанзива на владините сили и нов бегалски бран од околу 900 илјади Сиријци...

Хуманитарниот координатор за Сирија во ОН, Панос Мумцис изјави дека за состојбата во Идлиб се надеваат на најдоброто, но се подготвуваат за најлошото. Информираше оти се подготвува план за голем бегалски бран и за прифаќање околу 900 илјади луѓе кои би можеле да избегаат од земјата.

„Нашата главна грижа е заштита на цивилите. Факт е дека Идлиб е најгусто населената област во Сирија, со над 3 милиони жители, и околу 1,4 милиони раселени. Ситуацијата таму е многу поразлична од било која друга област во сирија со оглед на сите борци и екстремистички групи кои се наоѓаат таму. Тоа само го потенцира фактот дека е потребна хуманитарна дипломатија за да се спречи конфликт и да се изнајде начин како да се заштитат тие луѓе“, изјави Мумцис.

Мумцис вели дека во моментот на ескалација е потребно на жените, децата и на цивилите да им се овозможи да избегаат и апелира на заштита медицинската инфраструктури.

Во меѓувреме, германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас на средба со рускиот министер Сергеј Лавров, во обид да издејствува запирање на сириско-руско-иранската офанзива врз бунтовничката област Идлиб.

Лавров претходно оцени дека Москва сѐ уште не успеала да изгради конструктивна соработка со Берлин во врска со решавањето на сириската криза.

 

Марина Ристова