Охрид

Рот: Договорот е уникатна шанса за отворање на вратите на ЕУ и НАТО

14.09.2018 14:39

Со Договорот со Грција за името, имате уникатна шанса за отворање на вратите на Европската унија и на НАТО – вели германскиот министер за Европа, Михаел Рот. Toj e во работна посета на Македонија. Според него, земјава испишува историја, не само национална, туку и европска...

Македонците пишуваат историја, но не само национална, туку и европска. Со договорот потпишан со Грција за надминување на спорот со името, наскоро очекувам Македонија да ја видам во семејството на пријатели во ЕУ и НАТО, бидеќи ова е уникатна шанса, рече при денешната посета на Охрид, државниот секретар за Европа при германското министерство за надворешни работи, Михаел Рот.

„Би сакал да ги охрабрам луѓето во вашата прекрасна земја да ја прифатат оваа историска шанса. Доколку го подржите договорот, тоа ќе биде значаен знак дека македонците се силно посветени на демократијата, владеењето на правото, независноста на судството, бидеќи тие се круцијален дел на обединета Европа. Мора да ја продолжиме нашата соработка и јас сум оптимист во таа насока“, вели Рот.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров рече дека на референдумот се одлучува за непартиско прашање, кое нема врска со Влада, градоначалници, ниту со локални или парламентарни избори, туку се решава за иднината на Македонија и сите нејзини граѓани.

„Вие 10 години да зборувате за референдум и на секое можно прашање да велите-кога ќе најдеме заеднички јазик со Грција ќе ги прашаме граѓаните и сега да немате јасен став, тоа е бегање од одговорност и бегање од соочување совољата на народот. Народот вака, народот така, народот зборува преку гласање“, изјави Димитров.

Силниот интерес на Германија за Македонија конечно да застане на нозе и да зачекори напред е изразен преку посетата на канцеларката Меркел, денешната посета на Рот, како и најавените посети на неговиот германски колега и министерот за одбрана, рече Димитров.

 

Сашо Нелоски