Политика

Светскиот македонски конгрес повикува на бојкот на референдумот

14.09.2018 14:58

Светскиот македонски конгрес повикува на бојкот на претстојниот референдум и масовна неизлезеност. Според првиот човек на Конгресот, договорот е противуставен и го загрозува националниот идентитет. За потписниците на спогодбата, Светскиот македонски конгрес поднесе кривични пријави...

Светскиот македонски конгрес повика на безусловен бојкот на референдумот и масовна неизлезност. Според Тодор Петров, постигнатиот договор со Грција е противуставен и го загрозува македонскиот идентитет и јазик.

Петров очекува претседателот Иванов во ОН во претстојното обраќање да посочи дека спогодбата е ништовна и неважечка. За потписниците на Договорот, премиерот Заев и министерот Димитров, за 69 пратеници кои го гласаа договорот и до членовите на ДИК, Конгресот веќе поднел кривични пријави.

Петров реагираше и за начионот на кој се води кампањата, според него се вршело заплашување и поткуп.

За академик Клатников, ветувањата за членств во ЕУ се лага, на која македонскиот народ не треба да поверува. Тој смета дека прифаќањето на Договорот има за цел да ја избрише колективната меморија на нацијата со невиден притисок на меѓународната заедница.

Петров најавува дека референдумот ќе биде неуспешен, и дека пратениците од опозицијата за кои се шпекулира дека ќе гласаат ЗА, нема да се осмелат за понудените суми да си ја загрозат сопствената безбедност.

 

Марина Стојанова- Тонева