„Флоренс“ пустоши во САД

14.09.2018 15:49

Северна и Јужна Каролина на удар на ураганот „Флоренс“. Откажани летови, домови без струја. Спасувачки екипи стигнуваат од сите делови на САД...

Околу 12 илјади домаќинства на брегот на Северна Каролина се без електрична енергија поради ураганот „Флоренс“ којшто почна да го пустоши источното крајбрежје на САД. Според компанијата „Дјук енерџи“, последиците од невремето ќе ги почувствуваат од еден до три милиони жители, влучувајќи го и наслението во Јужна Каролина. Над 20 илјади работници се ангажирани да ја вратат во функција електродистрибутивната мрежа. Милиони Американци се подготвуваат за еден од најкатастрофалните урагани во тој регион во последните неколку години.

Првиот удар од ураганот е до нас. Ветерот и брановите предизвикаа излевање на водата од морето низ улиците. Речиси 30 илјади луѓе се веќе без електирчна енергија. Бројот ќе се зголемува. Преживувањето на оваа бура ќе биде тест на истрајноста, тимската работа, разумот и трпението. „Флоренс“ ќе ни донесе многу дожд и поплави“, изјави Рој Купер, гувернер на Северна Каролина.

Населението во Северна и Јужна Каролина, како и во Вирџинија е евакуирано. Откажани се над 1.400 летови. Спасувачки екипи пристигнуваат од сите делови на САД.  

Скоро сите од моето семејство се евакуирани, освен јас и сопругата. Ние распоредуваме екипи за последиците од бурата за што ќе бидат потребни недели.“

Според Националниот центар за урагани, иако „Флоренс“ ослабна до втора категорија, бурата сѐ уште е опасна, бидејќи е проследена со поројни дождови кои ќе предизвикаат поплави, особено во местата крај водните површини.

 

Маја Филдишев