Практиканството ќе се уредува со закон

14.09.2018 15:51

Законски се регулира практиканството. Младите ќе се обучуваат преку платена работа. Ќе стекнат искуство и знаење, а компаниите ќе добијат квалитетен и обучен кадар...

Младите до 29- годишна возраст кои одат на практика ќе бидат платени. Ова го предвидува првиот Закон за практиканство. На јавна дебата презентирани дел од новините. Компаниите ќе ги ангажираат младите во рок од шест месеци. Во првите три ќе добиват 5.000 денари надоместок, во преостанатите три ќе им се исплаќа по една просечна плата. Надлежните со став дека на овој начин, младите ќе стекнат искуство и знаење, а компаниите квалитетен и обучен кадар.

Од 2017-та година, 902 лица биле вклучени во програмата за практиканство. Половина од нив се вработиле. За работодавците, законското решение конечно ќе ја регулира оваа област, ќе ги заштити правата на практикантите, а компаниите ќе добијат кадар согласно со нивните потреби.

Со Законот ќе бидат опфатени младите од 15 до 29 години. Надлежните размислуваат возрасната граница да ја поместат до 34 години.

 

Викторија Милевска