Образование

Доделени 20 нови стипендии за студирање на универзитетот „Шефилд“

14.09.2018 16:15

Доделени се 20 нови стипендии за студирање на универзитетот „Шефилд“ во Солун. Досега над 200 луѓе од 12 генерации се стекнале со знаења на престижниот колеџ. Според претседателот Иванов со вакви проекти споделуваме нова генерација млади кои нема да бидат оптоварени со предрасудите од минатото...

20 нови стипендии за студирање на универзитетот „Шефилд“ во Солун. Досега, оваа можност ја искористиле 200 луѓе од 12 генерации, кои стекнале знаења на престижниот „Сити колеџ“.

Претседателот Иванов рече дека тие изградиле нови пријателства и познанства во Грција, создале лични односи и комуницираат без посредство на политичките елити.

Секоја стипендија е речиси 15 илјади евра. Половина обезбедува Министерството за образование и наука, половина „Сити колеџот“.

Универзитетот Шефилд е еден од најдобрите универзитети. Рангиран е меѓу првите сто во светот.  Од овој универзитет излегле шест добитници на Нобелова награда.

 

Александра Спировска