Нов вооружен напад во САД

05.11.2013 13:39

Уште еден во серијата вооружени напади во САД

 Полицијата го идентификува дваесетгодишниот Ричард Шуп, осомничен за синоќешниот напад во трговскиот центар „Гарден Стејт Плаза“ во градот Парамас во Њу Џерси. По нападот, напаѓачот кој потоа избегал е пронајден мртов. Локалниот обвинител изјави дека извршил самоубиство. И натаму забележителен  број полицајци го обезбедуваат местото. Напаѓачот не повредил никого, иако испукал 6 куршуми во трговскиот центар. 
 
Се подготвував да заминам, го затворав ресторанот, одеднаш слушнав пукање, веднаш се јавив в полиција. 
Полицијата веднаш извршила евакуација. Сведоците велат дека Шуп бил облечен во црно и имал шлем на главата кога го извршил нападот, полицијата се уште ги истражува случајот и причините. 
Дв тон посетител
Слушнав еден истрел, по неколку минути уште еден, се исплашив и се скрив. 
Во меѓувреме стотици полицајци се распоредени околу трговскиот центар во кој има над 300 објекти.  „Гарден стејт плаза“ е еден од првите и најголеми трговски центри во САД. Во него годишно поминуваат и до 10 милиони потрошувачи, со обрт и до 300 милиони долари.