РУСИЈА

Путин и Ердоган договорија демилитаризирана зона во Идлиб

18.09.2018 10:33

Во зоната, од каде што ќе биде отстрането тешкото оружје, ќе патролираат турски и руски војници...

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот шеф на државата Реџеп Тајип Ердоган постигнаа договор за формирање на демилитаризирана зона во Идлиб за да се избегне воена операција што се најавува веќе неколку недели.

Во зоната, од каде што ќе биде отстрането тешкото оружје, ќе патролираат  турски и  руски војници. Спогодбата ќе биде разгледана и со Иран.