ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев

18.09.2018 13:16

Целта ни е да докажеме дека никој не е над Законот па ниту Зоран Заев, истакна Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за премиерот Заев. Партијата до Јавното обвинителство достави и видео материјал, за којшто тврдат дека покажува, како шефот на Владата на митингот во Крива Паланка повикал на поткуп на граѓаните.

Целта ни е да докажеме дека никој не е над Законот па ниту Зоран Заев, истакна Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните на Република Македонија се слободни при својот избор, при донесувањето на своите одлуки, и никој ама никој не може да ги натера со сила, со поткуп со уцени или со закана да излезат да гласаат на претстојниот референдум или пак на било кои избори. Туку тоа свое право, кое што е демократско право, загарантирано право, свето право, можат да го искористат единствено самите согласно сопствената одлука, изјави Димовски.