Скопје

Авионското прскање против комарци ќе трае четири дена, земјеното почнува од понеделник

10.08.2018 15:57

Локалните власти велат и оти заради зголемените врнежи во изминатиот период се создала поволна клима за брзо размножување на комарците, па затоа одлучиле третото прскање наместо два, да трае четири дена.

Град Скопје информира дека во раните утрински часови е започнато третото прскање против комарци. Ќе трае четири дена, со зголемен интензитет. Локалните власти велат и оти заради зголемените врнежи во изминатиот период се создала поволна клима за брзо размножување на комарците, па затоа одлучиле третото прскање наместо два, да трае четири дена.

Од понеделник, пак, прскањето ќе продолжи од земја и ќе трае до петок. Потоа се предвидени уште две прскања против комарци, планирани за крајот на август и почетокот на септември.

Од Град Скопје апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.