Уставниот суд ја почна седницата за одлуката за референдумот

19.09.2018 10:29

Иницијаторите бараат запирање на референдумските активности и поништување на одлуката за референдум. Според подносителите, изјаснувањето не е во согласност со Уставот и се кршат позитивните референдумски практики утврдени од страна на Венециската комисија.

Уставниот суд денеска треба да се изјасни по иницијативите на Светскиот македонски конгрес и на партијата „Левица“ за законитоста на граѓанското изјаснување закажано за 30-ти септември.

Иницијаторите бараат запирање на референдумските активности и поништување на одлуката за референдум. Според подносителите, изјаснувањето не е во согласност со Уставот и се кршат позитивните референдумски практики утврдени од страна на Венециската комисија.

Судот може да ја прифати или отфрли иницијативата, или да се прогласи за ненадлежен. Известител е судијката Елена Гошева, која бара времени мерки, односно запирањена сите подготовки и активности за спроведување на референдумот.