Високо образование

Прв академски час на Економскиот факултет во Прилеп

01.10.2018 12:55

На прилепскиот Економски факултет, еден од 11- те во состав на Битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ свечено беше означен првиот академски час за околу 200 бруцоши, но и за уште 800 студенти на повисоките години.

Околу 200 бруцоши и уште 800 студенти на прилепскиот Економски факултет, денеска пригодно ја започнаа новата академска година. За идните економисти е најбитно да стекнат повеќе знаења, но и да се најдат на пазарот на трудот. Главно, сметаат, во приватниот сектор.

Ова е 58-ма генерација на Економскиот факултет со четири студиски групи. За професорите е најбитно да обезбедат најквалитетна теоретска и практична настава, но и поврзување со стопанството.

Прилепските локални власти велат дека разговараат со бизнис заедницата да ги стипендира идните економисти, а државата вели дека може и мора да помогне, вискобразовните кадри да си го најдат своето место на пазарот на трудот.

На Економскиот факултет најатрактивни се студиите за сметководство и финансии и банкарство. На Битолскиот универзитет со 11 факултети има 8.500 студенти, а 1.300 се бруцоши.

Елизабета Митреска