Барател на азил закла тројца норвежани

05.11.2013 14:58

30-годишниот маж кој беше уапсен откако киднапира автобус и уби тројца патници во Норвешка бил гневен поради одбиеното барање за азил

Претходно напаѓачот бил сместен во приватен центар во местото Ардал и требало да биде вратен во неговата земја. Жртвите се двајца мажи на возраст од 50-тина години и возачот на автобусот, а има и неколкумина повредени.  
 
Изјава полицаец, Норвешка
Напаѓачот е уапсен од пожарникарите кои први стигнаа на местото. Сега е во притвор, се испитуваат деталите и причините за инцидентот.
 
Едвард Сноуден не може да смета на канцеларката Меркел дека ќе се ангажира да добие азил во Германија.. Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт изјави дека трансатлантската врска со САД е од големо значање за Германија и дека се дејствува во духот на тој сојуз, истакнувајќи дека канцеларката Меркел нема да дозволи Сноуден да дојде во Германија. Рускиот азил на Сноуден истекува наредното летo и тој изјави дека е подготвен да зборува за шпионирањето, но најпрвин сака сигурен престој во Германија.
 
150 војници во Бангладеш се осудени на смртна казна поради бунт во 2009-та година кога беа масакрирани десетици високи офицери. во бунтот 74 лица биле мачени и запалени живи, а потоа телата им биле фрлени во канализација.. други 350 војници, учесници во бунтот, се осудени на затворска казна.. 
ОБСЕ соопшти дека резултатите од локалните избори во Митровица не можат да бидат утврдени бидејќи три маскирани лица украле и ограбиле три избирачки места.. Службеници и претставници на обсе беа евакуирани во северниот дел на градот откако напаѓачи влегле на избирачките места, краделе и уништувале гласачки кутии..