Шведскиот модел на воспитување се покажа како неуспешен

28.02.2014 11:59

Општеството во кое се излегува во пресрет на секое барање на детето, во кое не постојат казни и строгост придонесува децата да станат мали егоисти, кои не поднесуваат, кога не се во центарот на вниманието.  
 
Експертите од Шведска, земја која во 1979 година прва во светот ја воведе забраната за физичко казнување на децата, предупредуваат дека премногу попустливото воспитување може да нанесе повеќе штета, отколку корист на детето.  
 
Познатиот психијатар Давид Еберхард во својата најнова книга „Како децата ја презедоа моќта“, го сврте вниманието на горечкиот проблем на шведското општество - либералноста на родителите и отсуство на кој било вод на строгост во воспитувањето ги прави децата недисциплинирани и го дава сосема спротивното од она што беше првобитната намера при создавањето на шведскиот воспитен модел.
 
- Живееме во култура во која т.н. експерти сметаат дека децата се компетентни сами да одлучат што ќе јадат, што ќе облечат и кога ќе заминат во кревет, вели Еберхард.
 
Имено не само што со закон е забрането физичкото казнување, туку родителите од оваа скандинавска земја не им забрануваат на своите деца ништо, не им наредуваат и им дозволуваат да се однесуваат како што им одговара.
 
- Да се каже „не“ и да се истепа детето не е исто. Родителите би требало да се однесуваат како родители, а не како најдобри другари на своите деца, смета Еберхард.
 
- Важно е да се подготват децата за животот како возрасни со тоа што ќе ги научиме како да се однесуваат, наместо кон нив да се однесуваме како кон принцови и принцези. Во Шведска владее мислење дека секоја форма на мешање во волјата на детето е форма на злоупотребување, нагласува тој.
 
Тој истакнува дека во друштво со други возрасни лица децата никогаш не седат мирно и во тишина. Тие ги прекинуваат возрасните, секогаш се во центарот на вниманието, а со тоа градат став и дека секогаш ќе биде така, поради што нивниот внатрешен свет е сериозно разнишан, откако како возрасни лица ќе сфатат и дека не се најважни и дека не може секогаш да бидат во центарот на вниманието.