Колевка од чисто злато

28.02.2014 12:34

Кога размислувате за бебиња, размислувате и за колевки и за сите други работи кои за нив се неопходни, но сигурно не сте помислиле на колевка од чисто злато.
 
Единствена шпанска компанија се обидува да го промени тоа размислување, со креирање на луксузни колевки за бебиња, од чисто злато, вредни 16.5 милииони долари, наречени „Baby Suommo“.
 
Како што наведуваат претставниците на компанијата, само со употреба на 24-каратно злато може да се достигне овој специфичен облик на колевка. Постелината која во неа се наоѓа во целост одговара на материјалот од кој е направена надворешноста на колевката и во прашање е најквалитетна свила во нијанса на шампањ.
 
Ова не е само обична колевка за бебиња во која тие ќе поминат неколку месеци од својот живот, оваа колевка е осмислена да биде дел од престижно семејно наследство. Како се дошло до цената од 16,5 милиони долари се уште е под знак прашалник, бидејќи дури 48 килограми цврсто и квалитетно злато не чини толку.