Блок вести - Свет

Бил де Блазио е новиот градоначалник на Њујорк

06.11.2013 10:04

Кандидатот на Демократската партија оствари убедлива победа на вчерашните избори за градоначалник

Сад Бил де Блазио е новиот градоначалник на Њујорк
 
Бил де Блазио е новиот градоначалник на Њујорк. Кандидатот на Демократската партија оствари убедлива победа на вчерашните избори за градоначалник, ставајќи крај на 20-годишното владеење на републиканците со најголемиот град во САД. Со 73 насто освоени гласови пред републиканскиот кандидат Џои Лота.
 
Кина
 
Неколку помали експлозии одекнале пред седиштето на владејачката комунистичка партија во северниот дел на Кина.. Едно лице е повредено во експлозиите во покраината Шанкси.. Фотографиите од местото покажуваат дека улиците пред седиштето на партијата се затворени, има полиција, противпожарни камиони и амбулантни возила.. Аналитичарите велат дека експлозиите наликувале на нападите за одмазда кои повремено ги има низ Кина.. Напаѓачи уништуваа јавни автобуси и ги малтретираа функционери.
 
Иран
 
Шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф изјави дека е можно да се постигне договор за иранската нуклеарна програма неделава на разговорите во Женева, изјави во Париз пред средбата со францускиот колега Лорен Фабиус.. Зариф, кој истовремено е и главен преговарач за нуклеарната програма, вели дека договор е можен.. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е за цивилна употреба за производство на енергија во што се сомневаат западните земји..