Расте незадоволството во Грција

Грција повторно во штрајкови

06.11.2013 10:13

Нов бран штрајкови ја кочат земјата во исполнувањето на реформите

Политехничкиот универзитет во Атина е затворен, откако административните работници излегоа на протести по предлогот на владата да  се намали нивниот број. Мерката е  дел од реформите за штедење кои се услов за добивање на следната транша меѓународна помош.. Државните службеници побараа да разговараат со властите, стравувајќи дека засекогаш ќе го изгубат своето работно место. 
 
 Василис Багрис, административен работник на Политехничкиот факултет во Атина
,,Мерките се варварски и непопуларни. Министерството се обидува на секој начин да ги уништи грчките работници. Се обидуваат да не исфрлат на улица, да не остават без работа. Со овие мерки тие не придонесуваат за јавниот сектор, туку го уништуваат, ја зголемуваат невработеноста,,
Но тие не се единствени. За својата иднина стравуваат и студентите.
 
студентка на политехничкиот факултет во Атина 
,,Стравувам дека никогаш нема да дипломирам ако овие мерки поминат. Доколку се спроведат отпуштањата, ќе мора да ја платиме школарината и нема да можам да ги продолжам студиите. 
 
студент на политехничкиот факултет во Атина
 ,, Ги поддржуваме работниците, ова е нешто што мора да се забрани,,
Планот и реформите на власта доведоа до големи штрајкови од почетокот на учебната година.. Мерките на владата предвидуваат на речиси 13 илјади луѓе да им биде намалена платата и да ги прераспределат во други институции. Оние кои нема да можат да се префлат на други позиции во јавниот сектор, ќе останат на улица. Во земјата синоќа пристигна и  претставник на ммф  поради проверка на грчката програма за излез од кризата.. Истовремено  Европската унија и тројката  побараа банкарските филијали да го намалат персоналот преку доброволно напуштање, со големи кастрења на платите.
 
Бојана Крстевски