Полициска интевенција во зградата на грчката радио-телевизија ЕРТ

Во Грција не стивнува напнатоста

07.11.2013 12:31

Изутрината силите на безбедност влегле во телевизијата и принудно исфрлиле педесетина новинари и технички персонал

Не стивнува тензијата во Грција. По вчерашниот генерален штрајк, денеска полициска интевенција во зградата на грчката радио-телевизија ЕРТ.  Изутрината силите на безбедност влегле во телевизијата и принудно исфрлиле педесетина новинари и технички персонал, кои доброволно работеа по нивниот отказ. За време на операцијата дошло до судир,а полицијата употребила солзавец да ги растера вработените кои не сакале да ја напуштат зградата.  При интервенцијата се приведени четворица, кои се спротивставиле. 
 
Се чувствувам многу вознемирено, тие сосила не извадија од зградата. Ова е наш дом, со години работевме овде, не сакам да ја напуштам  телевизијата. 
 
Го очекувавме ова, но не дека ќе не избркаат среде ноќ, и на овој начин.
И покрај тоа што акцијата беше очекувана, предизвика тензија и револт. Зградата е обиколена со голем број полицајци, но се зголемува и бројот на   демонстранти кои спонтано се собираат. Од грчката влада велат дека интервенцијата е начин на спроведување на законот. Новинарите добија поддршка и од опозициската  партија СИРИЗА. 
 
 
Затворањето на ЕРТ, и отпуштањето на 2600 вработени за да се исполнат барањата на инспекторите од ММФ и од ЕУ предизвика  криза во грчката влада. 
 
Марија Петковска