Блок свет

Престрелка во Детроит - тројца усмртени

07.11.2013 13:28

Најмалку 3 лица загинаа, а 10-тина се ранети во два оружени напада во САД. Во првиот, напаѓач отворил оган во фризерски салон во Детроит, убивајќи три лица, а ранувајќи шестмина. Мажот е во бегство, а полицијата трага по него. Во вториот напад се повредени 4 лица во Вашингтон кога маж отворил оган врз група луѓе на автобуска постројка. Двајца од ранетите се во тешка состојба. Напаѓачот е приведен, но се уште не се познати мотивите за нападот.
  
Инспектори на Организацијата за забрана на хемиското оружје проверија една од двете опасни локации со хемиски арсенал во Сирија.. Инспекторите го провериле објектот кој се наоѓа во Алепо, а во извештајот истакнуваат дека е значително оштетен поради судирите..  Организацијата минатиот месец провери 21 локација, но на две беше откажана посетата поради тоа што беа премногу небезбедни за да извршат контрола..   
Пакистанските власти му ја укинаа казната домашен притвор на поранешниот претседател Первез Мушараф неколку дена откако судот му одобри ослободување со кауција.. На Мушараф му е забрането да ја напушта земјата, бидејќи му претстој судски процес за повеќе обвиненија.. Иако затворските чувари беа повлечени од неговиот дом, сепак 70 годишниот Мушараф и натаму се наоѓа под строго обезбедување поради многубројните смртни закани..
 
Скандал во прехранбената индустрија во Германија. Фабриката ,,Бад Батхајм,, купувала илјадници тони расипано месо, во него додавала свежо и го пуштала во продажба со нова декларација. Засега нема докази дека расипаното месо завршувало на масите на купувачите, но е утврдено дека фабриката на пакувањата ставала лажни декларции за потеклото на месото. Скандалот го откриле двајца вработени кои го снимиле процесот на обработка во фабриката.  
 
Маја Стојанова