Средба Иванов-Орав

19.09.2013 13:57

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе го прими шефот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Аиво Орав

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе го прими шефот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Аиво Орав.
 
На средбата, претседателот Иванов на шефот на Делегацијата на Европската унија, официјално ќе му го предаде потпишаниот меморандум за исполнување на стратешката цел за членство на Република Македонија во ЕУ.