Есер Џевахир :Се надеваме дека нашата инвестиција ќе придонесе за подобрување на македонската економија Викторија Тодоровска

Почнува продажбата на становите на Џевахир

07.11.2013 15:58

Странските инвеститори максимално ги користат придобивките кои Македонија ги нуди за отворање на бизнис . Доказ за тоа е турскиот холдинг Џевахир кој вложи околу 300 милиони евра во изградба на најлуксузниот комплекс на Балканот .Од менаџментот велат дека светската економска криза не ги плаши туку напротив, очекуваат нивната инвестиција да донесе подобрување на македонската економија

Добрите односи на политички план меѓу Македонија и Турција како и  поволната  бизнис клима  беа клучни,  турскиот инвеститор  Џевахир Холдинг ,да вложи над 300 милиони евра во изградбата на најлуксузните висококатници во Општината Аеродром.  Од менаџментот велат дека светската економска криза и ризиците кои одат со  неа не успеале да ги заплаши .
 
 Есер Џевахир – генерален директор на Џевахир Холдинг
 
Кога се спрема еден проект се земаат предвид  сите ризици моментално во светот владее  глобална криза и се надеваме дека со нашата инвестиција  ќе придонесеме за подобрување на економијата во Македонија .
Од утре почнува продажбата на луксузните станови . Најбарани се  апаратмани на 39 –от и 40 – от кат . Оваа интернационална компанија ќе  донесе светски брендови кои  ги нема во Македонија .
 
Покрај станбениот комплекс на ова место зад мене ќе биде изграден трговски центар , турка бања , базен спортски центар и други забавни содржини , чија изградба треба да заврши до 2016-тата .
 Џевахир  е интернационална компанија со долга традиција во областа на градежништвото . Од своето основање има реализирано милион и половина метри квадрати градба , а околу 7000 вработени работат на нивните проекти .