Бесими во посета на Италија

19.09.2013 13:59

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими денеска ќе престојува во посета на Република Италија.

Вицепремиерот за европски прашања,  Фатмир Бесими денеска ќе престојува во посета на Република Италија.
 
Во рамки на посетата Бесими ќе се сретне со министерот за европски прашања на  Италија Ензо Моаверо Миланеси и со заменик претседателот на италијанското Собрание.
 
- На средбите вицепремиерот Бесими ќе ги презентира активностите што се преземаат во  Македонија во однос на процесот на европската интеграција и статусот на реализација на обврските кои произлегуваат од Пристапниот дијалог на високо ниво,  како и меѓусебната соработка и областите во кои може да го искористи италијанското искуство во делот на европската интеграција, информира владиниот Секретаријат за европски прашања.