Блок свет

Тајфунот Хаијан ги погоди Филипините

08.11.2013 13:23

Супертајфунот Хаијан удри на Филипините

Супертајфунот Хаијан удри на Филипините. Со ветрови од 315 километри на час ова е најсилниот тропски циклон запишан во светската историја.. Зад себе остави пустош, Хаијан  и зеде неколку жртви.. Засега точната бројка не се соопштува, но властите стравуваат дека таа ќе се зголемува.. Евакуирани се над 100 илјади лица од подрачјата подложни на лизгање на земјиштето и поплави.. Војската помага на терен во тешко достапните области.. Невремето би можело да го погоди и подрачјето во кое минатиот месец  загинаа повеќе од 200 лица во земјотрес..  Штетата од мегабурата би можела да биде од катастрофални размери.. Филипините годишно се погодени од најмалку 20 бури, многу од нив предизвикуваат бројни жртви и голема штета. Хаијан  е супербура од прва категорија.

Женева разговори

Завршуваат дводневните разговори во Женева за нуклеарната програма на Иран, на кои учествуваат претставници на САД, Русија, Франција, Британија, Кина и Германија. Денеска на преговорите ќе се приклучи и американскиот државен секретар Џон Кери, кој се наоѓа на турнеја по Блискиот Исток.Белата Куќа  соопшти дека шесте светски сили биле подготвени да намалат некои од санкциите за Иран, доколку Техеран преземе јасни чекори кон запирање на унапредувањето на неговата нуклеарна програма. Во интервју за CNN, иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф истакна дека Техеран е подготвен за делумно суспендирање на спорната програма за збогатување на ураниумот.

Либија

Во повеќе делови  на либискиот главен град Триполи од синоќа се водат вооружени борби меѓу припадници на различни паравоени групи.. Борбите се последица на убиениот лидер на една од милитантните групи, кој починал  од здобиените повреди при напад на контролен пункт. За да ја одмаздат смртта на својот водач, оружените борци опремени со противвоздушни оружја влегле во градот и извршиле напад во областа Сук Ал Џума..

Хаити протести

Анти владините протести во главниот град на  Хаити Порто Принс  прераснаа во насилство откако полицијата со солзавец реагираше против хулиганите кои со камења фрлаа врз нив.. Медиумите пренесуваат дека цивили биле забележани како пукаат со пиштоли.. Властите наредиле  силите на редот веднаш да го запрат протестот на кој 3 илјади луѓе побараа оставка од претседателот Мајкл Мартили..

Кина

Кинеската полиција привела едно лице осомничено за смртоносниот бомбашки напад што се случи во средата пред седиштето на владејачката Комунистичка партија во северниот дел од земјата. Во серијата експлозии едно лице загина, а осум беа повредени. 41 годишниот маж Фенг Жијун ја признал вината..  При претрес, во неговиот стан биле најдени материјали за изработка на бомби и други докази. Жијун и претходно бил осудуван на казна затвор во траење од 9 години поради кражба.