Полициска акција против шверцери на дрога и перење пари

19.09.2013 14:13

Македонската и германската полиција во моментов спроведуваат голема координирана полициска акција.
Според првичните информации, приведени се повеќе лица во градови во Македонија и Германија, по што ќе следат претреси.
 
Според сомненијата, лицата се занимаваат со недозволена трговија со дрога и перење на пари.
 
Како што дознаваме, во Македонија се дојдени претставници на германската полиција.
 
Повеќе детали за координираната акција ќе бидат познати во текот на денот.