Македонија напредува во полето на „е- економија“

11.03.2014 17:22

Во Македонија скоро сите фирми користат интернет, но мал е бројот на компании кои имаат веб страници со лесен пристап за привлекување потрошувачи...

Македонија е на 37- мото место од 65 анализирани држави во светот во кои нема отпор за развој на информатичките технологии. Рангирана е меѓу земјите со големи можнсоти за   елетронска економија и просперитет на  е- бруто домашниот производ. Според реномираната Бостон консалтинг груп најдобро е развиена инфраструктурата.

„За нас е ова голем  успех, ќе продолжиме да ги подобруваме можностите за приватниот сектор да инвестира, а граганите да бидат вклучени во новото дигитално време, а компаниите да инвестираат во рекламирање на интернет“, вели Министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

До 2016- тата електронската трговија во треба да достигне до 4,2 трилијарди долари. Иднината е во интернет рекламирањето, да се искористат социјалните мрежи – им сугерираат експертите на бизнисите. 

„Извозната електронска трговија во 2013- тата проценета е на 25  милијарди долари, до 2020- тата ќе достигне 130 милијарди долари. Зборуваме само за извоз од една во друга земја“, вели Дарко Дујиќ – експерт од Словенија.  

„Во услови кога сме сведоци на интернет експанзија и зголемување на бројот на корисници на социјалните мрежи треба да се искористат потенцијалите на интернет огласувањето како најатрактивен медиум за огласување и привлекување клиенти и корисници“, посочува Сашо Огненовски од Сојузот на стопански комори.

Во Македонија скоро сите фирми користат интернет, но мал е бројот на компании кои имаат веб страници со лесен пристап за привлекување потрошувачи.

„Во последната година има драстично подобрување и компаниите стануваа свесни дека имаат потреба од  квалитетна веб презентација, со соодветно презентирање на продуктите и се повеќе се популаризира е- трговија“, нагласува Огненовски.

Е- трговијата станува своевидна индустрија и во Македонија, од девет продавници во 2009- тата, лани бројот на е- трговци достигнал 250.

 

Сузана Фиданска- Стоевска