Младите слушнаа како да дојдат до работно место

11.03.2014 17:38

Сојузот на синдикатите почна капања која треба да ги запознае ида ги информира младите за поволностите од мерките за вработување кај познат работодавач, за практиканство и мерката за самовработување...

Сојузот на синдикатите на Македонија преку кампања ќе ги едуцира младите за поволностите од мерките за вработување на Владата. Главна цел е да се намали невработеноста и да се спречи одливот на мозоци од земјава.

Младите слушнаа како да дојдат до работно место, можност за пракса и за отворање сопствен  бизнис. На трибина им беа презентирани поволностите што ги нудат владините мерки за вработување лица до 29 години. Главна цел е да се подигне свеста кај младите и со тоа да се спречи одливот на мозоци и да се намали стапката на невработеност.

„Да го задржиме одливот на млад кадар кој бега од нашата држава, тоа е бројка од околу 400.000 илјади“, вели  Ненад Драшевиќ од Градежниот синдикат.

„Во изминатиов период невработеноста е намалена за 10 проценти. Сепак, голем дел од невработената популација ја застапуваат младите“, изјави Лидија Насковска, претседател на СМССМ.

Мерките за вработување треба да им помогнат на младите, освен да се вработат, да имаат и платени придонеси. Надлежните советуваат да ја пријават секоја нерегуларност.

„На вас е обврската како работници да покажете интерес да ја поттикнувате свеста на работниците и на младите дека мора да проверуваат дали се пријавени во задолжително социјално осигурување“, Ирена Ристеска, од секторот за пензиско и инвалидско осигурување.

Сојузот на синдикатите почна капања која треба да ги запознае ида ги информира младите за поволностите од мерките за вработување кај познат работодавач, за практиканство и мерката за самовработување.

Целна група се  40.000  невработени до 29 години кои се наоѓаат во евиденцијата на Агенцијата за вработување, од кои 20.000 се активни баратели на работа.

 

Викторија Тодоровска