Монетарците ја завршија мисијата на Македонија

ММФ: Економскиот раст повисок од очекуваниот

08.11.2013 19:42

Македонската економија закрепнува повеќе од очекуваното

Монетарците ја завршија мисијата на Македонија. Oценката е дека економијата закрепнува побрзо отколку што се очекувало. Tоа било повод ММФ да ја ревидира и прогнозата за растот годинава на 2,5%.

Македонската економија закрепнува  повеќе од очекуваното, стапките на раст  се повисоки од проектираните. ова е генералната оценка на ММФ по редовната десетдневна мисија во Македонија.

Препораките од шефицата на мисијата, Ивана Влаткова Холар се дека треба да запре олабавување на монетарната политика и да почне да се намалува фискалниот дефицит, при тоа ММФ сугерира да не се кратат парите од буџетот за патишта и железници.

,, Ги подобривме прогнозите за развој во 2013 година на околу 2,5 отсто. Клучните двигатели на раст се јавните инвестиции, подобрите резултати на нето-извозот со важните или растечки придонеси на извозот од страна на странските мултинационални компании, , изјави Ивана Влаткова Холар.

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, изјави дека владините проценки се дури и пооптимистички, така што годинава растот е можно да достигне и до 3%.

БДП во 2013,  ќе биде меѓу 2,5 и 3 проценти со можност за подобро остварување ако се реализира сценариото за дополнително заздравување на европската економија,, изјави Ставрески.

И Гувернерот на Народната Банка  смета дека економијата брзо закрепнува. Економскиот раст  е воден од странските директни и јавни инвестиции, како и од приватната потрошувачка. Банкарскиот сектор во земјава според Богов е стабилен и ликвиден и  во иднина треба да ја зголеми кредитната активност.

новинар: Билјана Василева -  Трендафилова