Годишните даночни пријави може да се поднесат до понеделник, 17 март

12.03.2014 14:44

Продолжувањето е поради тоа што последниот ден за поднесување 15 март е сабота, кој е неработен ден...

Годишна даночна пријава и Годишен даночен биланс за персонален данок на доход до Управата за јавни приходи (УЈП) ќе може да се поднесе до понеделник, 17 март.

УЈП соопшти дека продолжувањето е поради тоа што последниот ден за поднесување 15 март е сабота, кој е неработен ден и согласно законот даночните обврзници нивните пријави ќе можат да ги поднесат и на 17 март понеделник како прв работен ден. 

Според последните податоци, до УЈП се поднесени 108.763 годишни даночни пријави од граѓаните, од кои 760 се доставени по електронски пат.