Груевски со бизнис заедницата

19.09.2013 14:25

Владата излезе пред бизнис заедницата со отчет за сработеното на економски план  и  ги презентира подобрувањата на економскиот амбиент и  проектите што ќе ги реализира во следната година.Ланското ветување за навремено  враќање на ДДВ-то  и плаќањето на договорените обврски на државата кон приватниот сектор е целосно реализирано. Исплатени се 92 милиони евра . Премиерот Груевски најави нов закон за финансиска дисциплина .Ќе се плаќа во рок не подолг од 60 дена .
 
Ќе се креира листа на должници кои подолго од 90 дена не ги платиле обврските кон државата. На приватниот сектор ќе му се стават на располагање нови 100 милиони евра евтини кредити  од ЕИБ со фиксна камата од 5,5 %. Ќе се градат  нови ТИРЗ-ови , а веќе следната недела  стартува изградбата на струмичката .Земјоделците во 2014-та може да сметаат на субвенции од дури 140 милиони евра .Со помош на Светска банка ќе се формира Фонд за иновации вреден 24 милиони евра. Груевски најави нови капитални инвестиции во инфраструктурата,но и нови извори на финансирање .Со  кредит на  Кинеската ЕКСИМ банка ќе се финансира патниот правец Св.Николе- Штип .Каматната стапка е 2% , а рокот на враќање 20 години. 
 
БДП  в година ќе порасне за 3,2 %, а нивото на јавниот долг ќе остане ниско. Капиталните инвестиции ќе бидат во функција на економскиот раст ,а двигател ќе биде  градежниот сектор. Од март 2014-та за 5 % ќе пораснат пензиите и социјалната помош ,а од октомври и платите на  администрацијата.
 
Европскиот пазар е приоритет, но барајте алтернативи  и нови извозни дестинации користејќи ја  широката мрежа на економски промотори ,им порача премиерот на бизнисмените . Охрид и Дојран ќе го добијат туристичките развојни зони ,а ќе почне градбата и на енергетските проекти Бошков мост и Луково поле. За поддршка на извозот, Македонската банка за поддршка на развојот ќе обезбеди банкарски гаранции за полесен пристап на странски тендери.