Сателитот ГОЦЕ не падна на земјата

11.11.2013 20:55

Големиот сателит наречен Гоце, синоќа не падна на земјата, туку, најверојатно, изгорел при влезот во атмосферата, соопшти Европската вселенска агенција, потестувајки дека проблемите со сателиот почнале пред три недели откако Гоце останал без гориво

Сателитот наречен Гоце , којшто беше лансиран  пред 7 години  со   задача да подготвува мапи од земјината орбита , се распрсна  во  атмосфетата. Експертите на  ЕСА  соопштија   дека  станиците за следење на движењето на сателитот последен пат оствариле контакт  со сателитот Гоце синоќа  околу 23  часот и 43  минути додека се наоѓал на околу 121 километар  над Антарктикот

 -Според нашите проценки    кога  оштетените  сателити  ке влезат  во атмосферата , околу  25 од нив  преживуваат,   но  најчесто како отпад   паѓаат во океанските води . И овој последен и чуден лет на Гоце  конечно заврши, но   распаѓајќи се  на патот кон Земјата изјави Бил Харворд   од Европската Вселенска Агенција.

 Стравот помина од сателитот ГОЦЕ , но останува  дилемата     што доколку   некој друг сателит       падне  врз некое населено место   на Земјата. Американските  медиуми  информираат во случај  некој сателит  да  падне  врз територијата на САД и  оштети некој имот , сопственикот  има  право   да побара надомест од федералните американски власти.

Според   конвенцијата на Обединетите нации, што ја ратификуваа 88  земји, одговорноста за штетата  предизвикана од објект од вселената ја презема државата од каде што  е лансиран сателитот.  

Во  орбитата моментално има околу 22 илјади стари сателити и генератори, големите можат да се  набљудуваат, но многу опасни се помалите. Поради тоа е неопходен нов мегународен  договор, со којшто ќе се ограничи  количеството  смет во вселената, вели Харворд.

 Во извештајот на американскиот истражувачки совет  се сугерира  дека    железните вселенски грдотии  се  повеќе им се закана и на  новите летала. Се очекува со  новиот договор  да се     ограничи  веленскиот отпад  со изградба  на    големи  чадори  и  магнетни мрежи  за да го собере  опасниот смет , таму горе во вселената,  зашто во спротивно  дождот од мали и големи сателити   нема да биде како  сцена  од филмовите, туку   реалност.   

 

Мира Василева