Најмалку 10 илјади жртви на најстрашната бура на светот

Запрепастувачките последици на тајфунот Хаијан

11.11.2013 21:11

Супертајфунот Хаијан иако значително ослабнат со ветрови од 120 километри на час

Супертајфунот Хаијан иако значително ослабнат со ветрови од 120 километри на час, при ударот на брегот на Виетнам ги зеде и првите жртви.. Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 600 илјади се евакуирани.. Бесот на Хаијан остави пустош на Филипините.. Од целиот свет забрзано се доставува хуманитарна помош, се стравува дека повеќе од 10 илјади луѓе загинале, а според ОН околу 9 ипол милион се без пристап до вода за пиење, храна и лекови.. Спасувачките екипи поради уништените аеродроми, мостови и патишта не можат навремено да ја доставуват хуманитарната помош.. 

Сите средства се на располагање.. Не само воена, тука е помошта од УСАИД, од многу меѓународни хуманитарни организации.. Од војската добиваат логистичка поддршка, а морнарицата е тука за секаков транспорт, изјави Пол Кенеди – Бригаден Генерал на американската морнарица..

На Филипините, најсилниот тајфун досега регистриран во историјата, збриша цел еден град, предизвикано е разурнувања од гигантски размери, цели села се срамнети со земја,  а  милиони жители останаа без своите домови..

Сакаме некој побрзо да реагира и да ни ја достават потребната помош.. Не сме заинтересирани за друго, ни треба храна, вода, облека, и тоа веднаш, изјави жител на Филипините.. 

Чудовиштото Хаијан со над 300 километри на час, предизвикувајќи шестметарски бранови, помина преку 6 централно - филипински острови, оставајќи пустош зад себе каков што досега не е забележан.. Целосно се опустошени островите Лејте и Самар.. 

Маја Стојанова