Пониски цени и побрз интернет преку национален јазол за интернет проток

18.03.2014 16:44

Наместо преку Виена или Софија, размената на интернет сообраќајот провајдерите ќе ја прават во држвава. И компанијата Гугл ќе оперира во Македонија...

Посигурен, побрз интернет и пад на цените и до 20- тина насто. Македонија доби национален јазол за интернет проток. Наместо преку Виена или Софија, размената на интернет сообраќајот провајдерите ќе ја прават во држвава. И компанијата Гугл ќе оперира во Македонија. Опремата ќе ја постави во истата систем сала опремена според светски стандарди. Сега 30 насто од вкупниот интернет проток се одвиваат преку најголемиот светски пребарувач.

Сите оние најчесто пребарувани страници најчесто поставувани информации кои Гугл ги прибира ќе бидат лоцирани во Македонија, ако досега се отворала веб страница за повеќе од три секунди сега ќе биде само за дел од секундата“, вели Иво Ивановски министер за информатичко општество и адмиистрација.

МАРнет ќе го контолира целиот интернет сообраќај преку најсовремена технологија и сигурносни системи. До крајот на месецот ќе биде готова и оптичката мрежа, сите државни институции ќе бидат централно поврзани.

„Автоматски ќе се постигне посигурен и побрз интернет. Сообраќајот што ќе биде лоциран во Македонија ќе се затвора тука, значи нема потреба да излегува надвор, а тоа ќе им овозможи на голем дел компании што нудат интернет содржини со поевтина цена да можат дастигнат до крајните корисници“, вели Сашо Димитријоски од МАРнет.

Државата очекува економски бенефит со поевтин интернет сообраќај и нови услуги, од директно значење и за новите инвестиции.

 

Сузана Фиданска- Стоевска