Три нови странски инвестиции

Телеком и две медицински фабрики ќе отвораат нови работни места

12.11.2013 23:48

Европска компанија од телекомуникацискиот бизнис  до крајот на овој  или во почетокот на наредниот месец ќе ја објави одлуката за реализирање на голема инвестиција во земјава.  Таа  во период од 3 години ќе вработи над 1000 луѓе ,претежно со високо образование . 

Никола Груевски –претседател на  Владата на РМ

,,Се работи за висока технологија и ќе бидат реализирани голем број вработувања со претходно извршена обука.Како што ми беше кажано на последната средба со нив ,ќе бидат ангажирани лица главно со високо образование  од различни струки но со дообука ќе бидат насочени кон областа во која компанијата сака да работи .” изјави Никола Груевски –Претседател на  Владата на РМ

 Финишираат подготовките за влез и на двете најавени турски инвестиции.Едната  компанија  ќе гради  медицинска фабрика  и  за почеток ќе вработи 250 луѓе со можност за зголемување на нивниот број .Тие веќе се присутни на терен  и се подготвуваат за старт на проектот .

,,Денеска на седница  на Влада треба да помине договорот за закуп на земјиште,а тие на терен веќе вршат геомеханички истражувања на земјиштето каде што треба да градат  и прашање на време е кога ќе почнат со реализација на инвестицијата.Ќе вработи почетни 250 лица, со можност нивниот број да се зголеми .” рече премиерот.

 За неколку недели виза ќе добие  уште една турска инвестиција . Владата ќе ги разгледа  договорите  за закуп на земјиште и за државна помош и за втората  фабрика,  која исто така доаѓа од медицинската индустрија,најави Груевски .  

Свето Николовски