„Дрекслмајер“ ги вработи речиси сите невработени од тивешкиот регион

18.03.2014 17:24

Пред три година малкумина веруваа дека германски „Дрекслмајер“ ќе биде фабиката која во Македонија ќе вработува најмногу луѓе. Денес оваа германска групација е позитивен пример за водење на бизнис. Плановите одат во нагорна линија. Бројот на вработени до крајот на 2014 треба да достигне до 4.800...

Германски „Дрекслмајер“ ги собра речиси сите невработени од тивешкиот регион. Планираните 4.000 вработувања до крајот на годинава веќе се остварени. Инвеститорот е задолволен, најавува зголемување на производството.

„Задоволен сум од ситуацијата тука, задоволен сум од работниците, се надевам дека и тие се задоволлни од условите за работа. Имаме подршка од Владата, и ние како каомпанија сме благодарни за таа помош. Она што го планиравме на почетокот денеска е веќе реализирано“, рече Карл Валнер, член на Одборот на директори на Групацијата Дрекслмајер.

Оваа компанија е пример дека проектот „Инвестирајте во Македонија“ е успешен.

Дрекслмајер е најголемата компанија во Македонија. Тука во моментов свое вработување наоѓаат невработени од Кавадарци, Неготино,Велес, Градско. Од наредната недела веќе и од Прилеп.

„Компанијата очекува да стигнат до 4.500 во скоро време,а доколку планот со нивните порачки оди  согласно најавите на нивните купувачи и со соработката која ја имаме со Владата би можел овој број да се зголемува и понатаму“, рече вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Освен отварањето нанови работни места германскиот гигант е и магнет за влез и на други странски инвеститори .

„Овде денеска дирекно на производна линија во Германија се доставуваат делови за новата Мерцедес Ц класа, значи  календарот на испорака е всушност од прилика една година, година ипол побрзо одколку што се очекуваше“, рече министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак.

Дрекслмајер во светот има 21 фабрика, со вкупно 40 илјади вработени. Инвестицијата во Македонија е вредна 35 милиони евра.

 

Дијана Иванова