Блок свет

Венецуела во економска војна против фирмите

13.11.2013 13:18

Народното собрание на Венецуела му даде можност на Парламентот да му одобри на Претседателот на државата посебна моќ за донесување закони со декрет. Претседателот Мадуро рече дека ќе го искористи дополнителниот авторитет за да ги интензивира акциите против одредени поединци и претпријатија кои водат економска војна во обид да ја дестабилизираат земјата. Меѓу другото најави дека набрзо ќе претстави докази кои покажуваат дека американската амбасада во Каракас организирала завера за да му наштети на неговото владеење.

Израел се откажува од изградбата на Западниот брег

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху нареди да се откаже проектот на Министерство за градежништво и станбена политика за изградба на 20 000 станбени домови во еврејските доселенички населби на западниот  брег на реката Јордан. Распишаниот тендер за проектот за изградба на 20 000 станбени домови предизвика загриженост во Вашингтон но и остри критики од палестинците, кои се заканија дека ќе стават крај на мировните преговори доколку Израел не ја разгледа одлуката.

САД: Сириската опозиција добредојдена во Женева

САД ја поздравија одлуката на сириската опозиција да учествува на претстојната мировна конференција за Сирија во Женева, оценувајќи ја како значаен напредок. Сириската национална коалиција по два дена преговори во Истанбул реши да учествува на преговорите под услов сирискиот претседател да се одрече од власта и да биде исклучен од секоја преодна фаза. Опозицијата исто така побара да се отворат хуманитарни коридори за помош на сиријците и да се овозможи евакуација на цивилите и ослободување на затворениците.

Средба Обама-Камерон

Американскиот претседател Обама и британскиот премиер Камерон разговарале за очекувањата за претстојната рунда преговори за нуклеарната програма, а станало збор и за безбедносните прашања на Блискиот Исток. Двајцата лидери ја потврдиле својата поддршка за преговорите меѓу светските сили и Техеран кои треба да продолжат наредната недела. Меѓу другото разговарале и за напредокот во правец на елиминирање на сириското оружје.

Новинар:

Марина Автовска