Завршува првата фаза од проектот за дигитализација на збирката ориентални ракописи на НУБ

19.09.2013 14:49

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ќе присуствува на свеченост по повод завршувањето на првата фаза од проектот за дигитализација на вредни ориентални ракописи, што се реализира од јуни во Националната и универзитетска библиотеката „Свети Климент Охридски“.
 
Проектот „Реконструкција на културното наследство на Балканот“ се спроведува во соработка со Институтот „Јунус Емре“ од Анкара и Библиотеката за ракописи „Сулејмание“ од Истанбул со поддршка на Централната банка на Република Турција.