Културата ги урива границите меѓу Македонија и Грција

21.03.2014 11:22

Хеленскиот центар при УНЕСКО ја избра "5:17" во конкуренција на повеќе од педесет драми меѓу шестте, кои ги претставуваат во моментов најновите трендови на драмското пишување...

Драмата "5:17" на Ана Ристоска, ќе биде претставена во сценско читање  пред професионалци од татарската обаласт на Форумот на современа драма, во мајво Атина.

Хеленскиот центар при УНЕСКО ја избра "5:17" во конкуренција на повеќе од педесет драми меѓу шестте, кои ги претставуваат во моментов  најновите трендови на драмското пишување.

На овој форум, кој за првпат е организиран во 2007-та, досега се претставени  42 драми од 37 земји.

"5:17" во Македонија премиерно беше поставена во продукција на „Вондерленд Театар“- Скопје, во режија на Нела Витошевиќ.