Третиот најнаселен град во ЕУ, Мадрид тоне во ѓубре

Mадрид тоне во ѓубре

14.11.2013 13:10

Улиците се преполни со смет, поради двонеделниот штрајк на комуналните претпријатија

Работниците се гневни  по најавата за откази на илјада лица кои имаат склучен договор со градските власти. Но не се лути само комуналците, реата е неподнослива пред се за мадриѓани.

,,Ова е срамота за Мадрид. Не можете да прошетате по улиците. Освен што смрди, принудена сум да одам по улица. Кога ја земам внуката од училиште го заобиколувам тротоарот поради сметот и расфрленото стакло. Навистина срамота! Морам да го затнам носот. Ова владата ќе ја чини многу повеќе, следуваат зарази.,, вели изреволтираната мдриѓанка.

Градските власти побараа од комуналните компании за 48 часа да ги исполнат барем минимум услугите и да ги расчистат улиците. А потоа  можат да седнат на преговарачката маса со синдикатите.

Градоначалничката на Мардид, Ана Ботела изјави дека ,, Градското собрание со декрет ќе преземе директна контрола врз овие услуги со цел да се испочитува и обезбеди минималната услуга,,

Од унијата на комунални работници возвратија.

,,Работниците нема да бидат под притисок затоа што другите ќе им ја сработат работата, тие се под притисок затоа што ако го прекинат штрајкот, ќе ја загубат работата и нема да имаат што да јадат, ќе бидат отпуштени и на улица!,, истакна Моисес Торес од унијата на комунални работници.

И додека властите и синдикатите се во костец за сигурната работа за комуналците, Мадрид, еден од најубавите европски метрополи, е соочен со невидени купишта натрупан смет.

Бојана Крстевски