650 илјади евра за малтешко државјанство

14.11.2013 13:18

Малта планира да продава државјанства.. Оние што имаат 650 илјади евра, а не се осудувани можат да аплицираат за малтешко жителство.. Парламентот го одобри предлогот, а премиерот Џозеф Мускат оцени дека тоа е добар план кој на земјата ќе и донесе приходи и ќе привлечи квалитетни жители кои ќе вложуваат во островот.. Проценката е дека за една година од продажбата на државјанства, Малта ќе спечали околу 30 милони евра.. Со добивање малтешко државјанство, автоматски се добива право на престој и работа во цела Европа, а Малта има безвизен режим и со САД..

Отворен бунт против Претседателот Барак Обама во демократската партија поради катастрофалниот тек на здравствената реформа ,,Обамакер,,.. Претседателот Обама секојдневно има средби со сенаторите и конгресмените кои бараат да се изнајде решение за здравствената реформа.. Во САД поради реформата повеќе од 5 милиони лица останаа без здравствено осигурување, а бројот на новоосигурани е десетици илјади..

Мафијата планира да го убие Папата Франиско, предупреди италијанското Обвинителство.. Според обвинителот од Калабрија Николо Гратери Папата по изјавите за безпоштедна борба со криминалот предизвикал нервоза меѓу картелите, но и кај поединци во Ватикан кои се обвиниети за незаконски активности.. По стапувањето на должност Папата го смени првиот човек на ватиканската банка, а Крадиланот Бертони за кој постои сомнение дека е вмешан во коруптивна афера, го принуди да се повлече во пензија.. Со овие потези Папата го доведе во опасност сопствениот живот, предупреди обвинителот Гратери.. 

Во Њујорк e свечено отворена кулата изградена на местото на поранешниот светски трговски центар кој беше срушен во терористичките напади на 11-ти септември 2001 година.. Составена е од пет кули, како и споменик за жртвите од нападот и музеј..

Чест е да се види финишот на проектот.. Фасадата е направена од стакло за да се нагласи врската на местото на кулата со терористичкиот напад на 11-ти септември, вели Фумихико Маки архитектот на проектот..    

Најспектакуларната кула од новиот комплекс ќе има 104 ката, а нејзината изградба ќе заврши наредната година.. 

Маја Стојанова