Силјан: Без поезија и без книга светот ќе беше посиромашен

21.03.2014 14:53

Во Универзитетската библиотека се одржа традиционалното поетско пладне. Познати македонски поети читаа свои стихови ...

Светскиот ден на поезијата е можност да се размислува за моќта на јазикот и за целосен развој на креативните способности на секој човек. Со книжевни собири овој ден се празнува низ целиот свет. 
Во Универзитетската библиотека се одржа традиционалното поетско пладне. Познати македонски поети читаа свои стихови ...
 
„Светскиот ден на поезијата е еден од најубавите празници на човештвото, бидејќи поезијата од искони, од древните митови и псалми, иако не може, како што обично се вели, да го измени светот, таа со својата внатрешна светлина, со убавите пораки што ги содржи и што ги шири, го збогатува и разубавува секојдневното живеење на луѓето, давајќи му нова смисла и нов дух. Така со сигурност можеме да кажеме дека без поезијата и без книгата светот ќе беше многу посиромашен“, рече Силјан.
 
Во таа разноликост и распростанетата галаксија на поезијата, значјано место зазема и македонската лирика создавана од повеќе генерации, а денешните македонски творци, додава тој, се свесни дека нивните книги претставуваат голема вредност во духовниот и националниот подем на нашата татковина. Според него, за тоа сведочат илјадниците изданија и големиот број преведени книги од светската класика и од модерната поезија на македонски јазик.