Виктор Мизо во Детроит ги претстави поволностите за инвестирање во Македонија

14.11.2013 14:19

На овогодинешната јубилејна 15-та по ред конференција во организација на Original Equipment Suppliers Association (Здружение на авторизирани производители на автомобилски компоненти)- ОЕSA 2013 Outlook Conference беа претставени инвестициските поволности во Република Македонија. Настанот, кој е најголем од овој тип во светот, се одржа на 12-ти Ноември 2013 во Детроит, САД.

На конференцијата присуствуваа повеќе од 750 делегати меѓу кои и најважните производители на автомобилски компоненти и возила од Северна Америка, Европа, Азија како и од Јужна Америка.

Презентации извршија врвни луѓе на Ford Motor Company, Honda Motor Corporation, Toyota Motor Engineering & Manufacturing,  General Motors како и Inteva Products, а од страна на експерти беа презентирани и перспективите на индустријата на глобално ниво во 2014 година. 

 Преку директни контакти на поединечни средби и преку презентации, Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, во придружба на Економскиот промотор во Детроит, Дејан Величков, ги претстави поволностите за инвестирање во Македонија. За време на конференцијата се остварија и дополнителни средби со компании со кои веќе подолго време се разговара за реализација на конкретни инвестициски проекти. Освен Македонија, свој штанд на овој настан имаше и Канада, а свои претставници имаа и Мексико, Германија, Италија и бројни држави од САД.

Со остварените контакти на овој настан се зголемуваат можностите за влез на странски инвестиции од автомобилската индустрија во земјава.