Во Париз претставени лауреатите на „Струшки вечери на поезијата“

23.03.2014 14:30

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на поезијата 21 март, во македонската Aмбасада во Париз, Франција беа претставени овогодишните лауреати на „Златен венец“, Ко Ун од Република Кореја и на наградата „Мостови на Струга“, Хари Ман од Велика Британија.

На одбележувањето, во организација наУНЕСКО и Струшките вечери на поезијата, пред присутните дипломатски преставници на неколку земји во УНЕСКО, дипломатските претставници на земјите од каде потекнуваат лауреатите, зборуваа амбасадорот на Република Македонија во Франција и во УНЕСКО, Агрон Буџаку, претседателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски, и директорот на Струшките вечери на поезијата Мите Стефоски.

лауреатот Хари Ман добитник на наградата „Мостови на Струга“,  читаше свои стихови. Модератор на вечерта беше Јасмина Шопова од УНЕСКО, која воедно беше и претставник на генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова.

Оваа информација беше единствената по повод Светскиот ден на поезијата објавена на страницата на оваа организација на ОН, покрај пораката од генералниот директор Ирина Бокова. УНЕСКО објави на својата веб-страница текст за одбележувањето на Денот на поезијата и претставувањето на овогодишните лауреати на „Златен венец“ и на „Мостови на Струга“. На истата страница беше поставено логото со линк до веб-страната на „Струшките вечери на поезијата“.